Добитникот на наградата за животно дело на фестивалот на францускиот филм што се одржува во Охрид, сетски познатиот шансониер и актер, Шарл Азнавур, од денеска престојува во Македонија.

Во Кинотеката на Македонија, Азнавур ќе биде прогласен за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Францускиот шансониер ќе ја посети и Скопска пивара, каде ќе му биде врачено специјално јубилејно пиво по повод 85-годишнината од брендот „Скопско“.

Шарл Азнавур задутре на Античкиот театар во Охрид, ќе ја прими наградата „Златна маска“ за животно дело. На церемонијата македонската пејачка Тања Царовска ќе изведе дела од Азнавур, по што ќе биде прикажан филм во кој настапува славниот шансониер, со што завршува второто издание на фестивалот на францискиот филм.

Ohridnews