На 8 септември во четврток по повод денот на независноста на Република Македонија јубилејно по 30-ти пат ќе се одржи меѓународниот Атлетски маратон од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри.
Од Здружението кое го организира маратон со голема жалост информираат дека овој ќе биде последен поради немањето доволно финансиски средства за целокупната организација.
– За жал мораме да напоменеме дека ова веројатно ќе биде и последниот од така долгата традиција, имено од 15.08. имаме доставено барање до Општина Охрид да се изјасни дали конкретно ќе застане зад оваа манифестација односно дали има потреба од ваква манифестација на денот на независноста на Република Македонија или не и до денес немаме одговор. Поради недостиг на финансиски средства се потешко успеваме да ја организираме оваа традиционална меѓународна манифестација и ако Општината Охрид нема потреба, иако и во минатото и сега истакнуваме дека Општина Охрид е Генерале покровител на Маратонот, тогаш од наредната година ние како Здружение нема да ја организираме оваа традиционална манифестација. – изјавуваат од Здружението.
До ден денес пријавени се 85 атлетичари од кои 73 во машка и 12 во женска конкуренција. Организаторите до последниот ден за пријавување да ја надминат бројката од 100 атлетичари.
Стартот на Атлетискиот маратон е закажан во 9 часот од Св. Наум, а подигањето на стартните броеви е ден претходно од 12 до 20 часот во спортската арена „Билјанини Извори“.
OhridNews