Мајнц и Фрајбург ремизираа без голови 0-0, а најзаслужен за тоа беше македонскиот репрезентативец затоа јубилејот го прослави со избор во тимот на колото во Бундес лигата.
Новески на “печалба“ во Германија замина од редовите на Пелистер, а прв клуб му беше Ханза потоа продолжи во Оје, а од 2004 година е член на клубот Мајнц каде ги доживеа најдобрите моменти во кариерата.
Во дресот на македонската фудбалска репрезентација Новески има запишано 55 натпревари и има постигнато четири погодоци.