Јубилеен зборник „25 години Митрополит Тимотеј“, ќе биде промовиран викендов во Охрид.
Промотори на зборникот посветен на митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошко-струшки Тимотеј, ќе бидат Архипископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и академик д-р Цветан Грозданов. Промоцијата на ова несекојдневно дело, со кое се одбележува четврт век од црковната служба на владиката Тимотеј ќе се одржи во недела во катедралната црква Света Софија.
Претходно во истата црква ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети пророк Софрониј и свети Јован Молчалник“, со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква.
Г.М.