Со меѓусебни натпревари, дружење, забава и торта фудбалската школа Фер Плеј го прослави јубилејниот петти роденден.
Во петте изминати години најбројната фудбалска школа во југозападниот регион има со што да се пофали и гордее.
Учеството и големите успеси на квалитетните турнири во Македонија и надвор се доказ за нивното добро работење со дечињата од четири годишна возраст и нагоре.
– Нашиот мотив е фудбалот и дружењето на дечињата. Преку фудбалот сакаме да ги насочиме кон вистинскиот пат да зачекорат во животот. Направивме многу за овие пет години, но ветуваме дека ќе направиме уште толку во следните пет. – изјавија од Фер Плеј.
Фудбалската школа Фер Плеј покрај победите на теренот може да се пофали и со организација на турнирот „Фер Плеј Куп“ на кој учествуваат екипи од Балканот.
Мх.П.