Бројот на клипови, кои се гледаат секој ден на Ју Тјуб надмина една милијарда, рекол Чад Харли, еден од основачите на популарниот сајт за споделување на видеа.
    Ју Тјуб кој беше продаден на Гугл за 1,65 милијарди долари, пред три години, се развил од сајт од приватен карактер за поединечните корисници до професионална платформа.  


    „Ова е голем момент во нашата кратка историја. Сакаме да создадеме место каде секој со видео камера, компјутер или врска со интернет, може да го сподели животот, уметноста и гласа со светот, и во многу случаи да заработи од тоа. Три години по купувањето на сајтот, нашата платформа и бизнис продолжуваат да се развиваат”, изјавил Чад Харли.

Фидан Коминовски
Извор:

www.telegraph.co.uk