Поради проблеми околу договорите со издавачките куќи, спотовите и настапите на повеќе британски изведувачи би можеле да исчезнат од овој сајт. Британските издавачки куќи “XL” и “Domino” соопштиле дека Ју Тјуб им понудил „неправедни“ договори кои се однесуваат на новиот претплатнички сервис кој го планира видео гигантот. За разлика од големите издавачки куќи како што се “Universal” или “Sony”, помалите куќи добиле многу понепеовилни услови, па некои од нив најавиле бојкот на овој сервис.
Доколку не го потпишат договорот за претплатничкиот сервис кој Ју тјуб ќе го направи по примерот на Spotify, Pandorа и Rhapsody, спотовите н нивните уметници ќе бидат отстранети од сајтот. Меѓу нив се Адел, Арктик Манкис и многу други. Ноивот сервис Ју Тјуб ќе им овозможи на претплатниците било каде и било кога да ги слушаат омилените изведувачи и да гледаат спотови, дури и ако не се приклучени на интернет.