За потребите на зимско одржување на територијата на Општина Охрид, Ј.П.”Охридски Комуналец” деновиве ја набави алатката “Епоха”, која ќе служи како приклучно средство за посипување на сол и песок.  Со оваа алатка покрај тоа што ќе се зголеми ефикасноста на постојаните возила за чистење на снег, таа значително ќе го олесни  во одржувањето на сообраќајниците при голомразица.


Чистењето на снег во зимски услови, посипување со сол и абразивни средства на улиците се дел од Програмата за зимско одржување на територијата на Општина Охрид за 2010 год.

Ohridnews