JП „Охридски Комуналец” денес го одбележа патрониот празник „7-ми Ноември”. Пред присутните се обрати директорот Сашо Најдески кој истакна дека според пишаните документи, првите зачетоци на претпријатието датираат од далечната 1952 година.

По направените статутарни промени денес ЈП „Охридски Комуналец” Охрид претставува единствен вршител на комунални услуги: собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад, одржување на јавната чистота и одржување на градските паркови и зеленило на територијата на општина Охрид. ЈП „Охридски Комуналец” Охрид има задача да обезбеди чист и уреден град и да се грижи за заштита на животната средина. Преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација и транспарентност, градиме однос со граѓаните и правните субјекти, а нивното задоволство и исполнување на нивните потреби за здрава и чиста околина претставува успех во нашето работење, истакна Најдески.

Како благодарност за континуиран допринос и непрекинат работен стаж за 30 години во претпријатието, им беа доделени награди на седум вработени.

OhridNews