JП „Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник „7-ми Ноември”. Пред присутните се обрати директорот Сашо Најдески кој упати честитка по повод ослободувањето на градот Охрид и патрониот празник на претпријатието.
ЈП „Охридски Комуналец” Охрид има задача да обезбеди чист и уреден град и да се грижи за заштита на животната средина. Преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација и транспарентност, градиме однос со граѓаните и правните субјекти, а нивното задоволство и исполнување на нивните потреби за здрава и чиста околина претставува успех во нашето работење, додаде Најдески.
Како благодарност за континуиран допринос и непрекинат работен стаж за 30, 20 и 10 години во претпријатието, им беа доделени награди на шест вработени.
Исто така беа доделени три благодарници по повод пензионирање на вработени и една благодарница на Селман Кадри за своето посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило.
OhridNews