ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатата седмица реализираше неколку работни активности на повеќе локации во Охрид.
Екипите на „Паркови и зеленило“ хортикултурно го уредиле дворот на Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ како и зелената површина на кејот во близина на училиштето. Засадено е сезонско цвеќе и декоративни грмушки.
Во рамките на Програмата за одржување на јавна чистота за 2015 година, во овој период секојдневно се реализираат активности за расчистување на крајбрежниот појас покрај кејот, на потегот од хотел Палас до хотел Милениум каде се наталожуваат наноси од реса, трска, муљ и комунален отпад.
Исто така бил искосен и тревниот дел покрај коловозот на патот кој води до Спомен-паркот на Револуцијата, а уреден бил и тревниот дел кај станбените згради на влезот во Охрид.
OhridNews