Од први овој месец ЈП Нискоградба самостојно врши печатење, обработка, достава и наплата на надоместокот за одведување на отпадни води и надоместокот за одведување на атмосверски води.


Од ова јавно претпријатие информираат дека плаќањето на сметките, правните и физички лица, можат да го извршат вирмански преку: шалтерите на Охридска банка, Комерцијална банка, Македонски пошти и наплатниот центар Корзо.

Ова јавно претпријатие функционира веќе три месеци. Како што потенцираат од локалната самоуправа, според извештаите од работењето, уште во првите месеци од формирањето, претпријатието покажува позитивни резултати.

OhridNews