Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ со здружениејата од Охрид за лица со попречност потпиша меморандум за соработка, кој ќе можат да ги користат сите добра и услуги кои ги нуди спортско рекреативниот центар.


– Со потпишувањето на меморандумот за соработка Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“ и здруженијата со посебни потреби им ги отвараме вратите на сите услуги кои ние ги нудиме. Ние ќе им помогниме на здруженијата во организација на сите спортски и културни манифестации без разлика дали ќе се случуваат на С.Р.Ц. „Билјанини Извори“ – рече в.д. директорот, Иван Цветкоски.

По потпишувањето на договорот преставниците на здружениејата со попреченост не го криеа задоволството за решавањето на проблемот, со кој се соочувале долги години.

– Слепите лица покрај визуелниот хендикеп можат учевствуваат на сите спортски манифестииц само што организацијата за тие малку е поспецифична. Ова е прв пат во 60 годишното постоење на здружението да има формално решение за одржување на спортски манифестации –
Славчо Џајкоски претседателот на здружението на слепи лица.



– Голема благодарност до директорот на спортскиот центар „Билјанини Извори“ и на локалната самоуправа што се сетија на лицата со попреченост и договоривме меморандум за соработка која се надевам дека ќе трае долго време. Имаме многу идеи кои сигурна сум дека ќе се реализираа и сите ќе придобиеме од оваа соработка –
потенцираше Славица Стефаноски од здружението Глуви и наглуви.


– Можам слободно да кажам дека оваа иницијатива за соработка со лицата со попреченост е пиоенерски чекор во нашата земја. Овој потег е за поздравување бидејќи сега се изедначуваме со сите граѓани во Македонија и можеме да ги користиме и уживаме сите тие работи кои ќе не исполнат – потенцираше Снежана Танеска од здружението Мобилност.


– Ја поздравуваме иницијативата и меморандумот и ние инвалидите на трудот како најбројно здружение ќе имаме можност да ги користиме и соработуваме со Ј.П. „Билајнини Извори“ – Благоја Крстаноски посочи.

Ј.П. „Билјанини Извори“ покрај спортските манифестации со поддршка од здруженијата ќе организираат културни настани, а изненадување за лицата со попреченост ќе биде промотивното возење низ градот со двокатниот автобус.

Мх.П.