Манифестацијата “Спорт за сите, сите за спорт“ ќе биде искористена за потпишување на договор за сорботка помеѓу ЈП “Билјанини Извори“ и спортската агенција “Старс“ од Нови Сад.

Ваквиот договор е прв од ваков вид од формирањето на новото јавно претпријатие.

Целта на оваа соработка е популаризација на спортскиот туризам, како и заедничка изработка на проекти со кои би аплицирале во меѓународните инститции. По овој ќе потпишеме и меморандуми со агенции од соседните држави -вели в.д. директорот на ЈПССО Иван Цветкоски.

Македонија бенефициите од ИПА фондовите ќе може да ги почувствува во 2010 и 2011 година. Сосема доволно време да се изработат и спрoведат проекти кои ќе го издигнат спортот на повисоко ниво.

М.П.