3

Под мотото „Засади дрво биди шампион“ , ЈП „Билјанини извори“ –  Охрид поддржано од спортските клубови и спортистите од Охрид, утре ќе се вклучат во акцијата „Денот на дрвото“  .

На потегот од СРЦ „Билјанини извори“ кој се протега покрај Булеварот  „Туристичка“ ќе бидат засадени 3000 украсни борови садници  и тоа 2000 Taxodium, 500 Кeder,500Cempres од Шумско стопанство „Галичица“ од Охрид.

Со  тоа Ј.П. „Билјанини извори“ ќе се вклучи  во разубавувањето и заштитата на животната средина.