Неполн месец по “збртимувањето“  на  ЈП “Билјани извори“ со спортската агенција од Нови Сад “Старс“, новоформираното охридско претпријатие потпиша меморандум за соработка  со реномираните охридски хотели Славија Спектар, Белведере, Метропол и Ривиера.


Целта на меморандумот е да се интензивира соработката на Јавното претпријатие со хотелите се со цел за побрз развој на спортскиот туризам во Охрид.

Во тој меморандум за соработка двете страни  ќе се презентираат заедно на туристичките саеми надвор од Македонија. Она што е новина и што верувам дека и во иднина како стратегија ќе се развива, со уште повеќе хотели е што заеднички ќе ги усогласиме цените за услугите, кои што ги имаме ние и хотелите- вели директорот на ЈП Иван Цветкоски.


Хотелиерите истакнаа дека се задоволни од ваквата иницијатива, и дека од теорија ќе ја преточат во пракса.

Ме радува ваквата соработка, која оди во правец на продолжување на туристичката сезона – вели Трајанка Георгиевска од хотелот “Белведере“.

Филип Мишевски од хотелите Метропол и Белви напомена дека нивните хотели имаат одлична соработка со Јавното претпријатие, но и дека ваквата понуда ќе придонесе за поголема заинтересираност за Охрид кај спортските екипи од Македонија и регионот.


– Ваквиот пакет понуди за прв пат доаѓа од Охрид  и сега треба да се работи на промоиција на овие пакети на странските пазари – рече Никола Дулески од Хотелот Славија Спектар.

Ваквиот меморандум е нов вид на соработка помеќу хотелите и Јавното прептпијатие.

Се надевам дека овој ден ќе го паметиме по еден успешен почеток на долга соработка – заврши Никола Миленкоски од х. Ривиера.


Покрај другото во меморадумот се предвидува и изработка на интернет страна како и пропаганден материјал, преку кој би се презентирале Јавното претпријатие и споменатите хотели.

М.П.