– Го отстапувам базанот за доброто на охриѓани и спортот во Охрид бидејќи ние како фирма не бевме моќни да инвестираме. Се надевам дека Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ќе ја подобри инфраструктурата на базенот, која е во крајно лоша ситуација – рече Рувинов.
Директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Иван Цветкоски најави реконструкција на базенот, средување на дворот и нови проекти, кој ќе го збогатата изборот за капачите во базенот.
– Изненаден сум од мотивот, кој го видов во досегашниот концесионер. Ние како Јавно претпријатие ќе вложиме напори охридскиот пливачки храм да го добие вистинското лице. Базенот освен за пливање на охриѓани ќе им служи за забава, а ќе се потрудиме да го ставиме во функција повеќе време од оние вообичаени два и пол месеци – посочи Иван Цветкоски.
Членовите на охридскиот пливачки клуб Охридски Бранови со нетрпение го очекуваат отварањето на базенот и враќање на „првата љубов“ пливањето.
– Благодарност до сите чинители кои успеаја да ја реализираат идејата за враќање на пливањето во Охрид. Нашиот клуб е максимално спремен и организиран и повеќе од 200 дечиња со нетрпение го очекуваат отварање на базенот. Со оваа енергија која владее и проектот на Бакрачески пливањето ќе го вратиме на старите патеки во Охрид – смета Кочо Паскали од Охридски Бранови.
Неодамна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го презентираше проектот, со кој охриѓани ќе добијат мулти современ спортски центар.