Денес попладне, објектите на ЈП „Билјанини Извори“, по осум дена повторно беа приклучени на напојување со струја, на мрежата на „ЕВН Македонија“. Според информациите од oпштина Охрид, вклучувањето на струјата било резултат на заложбата на градоначалникот Никола Бакрачески, кој денес преговарал со менаџментот на „ЕВН“ во Скопје.
Сите спортски објекти во рамки на ова претпријатие сега повторно ќе може да функционираат нормално, ќе се одржуваат тренинзи, а непречено ќе стартува и работата на базенот.
 
Инаку ЈП „Билјанини Извори“ во моментов на ЕВН Македонија и должи нешто помалу од 8 милиони денари, долгови кои останале неплатени во периодот од 2008 година до март 2013 година.
OhridNews