Cелекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јовица Арсиќ поднесе оставка.  Србинот на македонската клупа помина три од планираните четири години. Тој на денешната прес конференција  рече дека по освоеното девето место на Европското првенство време е да се направат промени на селекторското место.



–  Ми беше чест и задоволство да работам како селектор во Македонија. За три години имавме резултати, најдобри во историјата. Тоа е резултат на меѓусебната соработка на федерацијата со стручниот штаб и играчите – изјави Јовица Арсиќ, досегашниот прв човек во стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Претседателот на кошаркарската федерацијата на Македонија Даниел Димевски истакна дека нема да брза со назначување нов селектор туку прво ќе почекаат да биде извлечена жрепката за новиот квалификациски циклус.

ohridnews