Со пораз во Охрид 28-25 од истоимената екипата на Металург Јуниор стави точка на регуларниот дел од Супер лигата.

– Одличен меч кој имаше натпреварувачки дух иако на никој ништо не му зависеше од овој дуел. Охрид има прекрасна публика и многу ми е мило што ракометот се врати на охридската спортска сцена. Им честитам на победата и уште еднаш ќе напоменам дека полно ми е срцето што во Охрид се игра пред голем број на публика – рече гостинскиот стратег Александар Јовиќ.

Металург Јуниор заедно со Пелистер, Зомимак, Тинекс Пролет, Металург и Вардар ќе разигруваат за титулата во македонскиот шампионат.

Мх.П.