Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски е нов селектор на фудбалската репрезнтација на Бангладеш. Јовановски кој потпишал договор на една година првите мечеви од азиските квалификации на патот до Светското првенство 2014. ќе ги има 29. јуни и на трети јули против селекцијата на Пакистан.
Поранешниот селектор на националната селекција на Македонија, доаѓа на местото на хрватскиот стратег Роберт Рубчич.
Тој во својата тренерска кариера седеше уште и на клупата на Самсунспор, Слога Југомагнат, Работнички, Милано, Металург и ЦСКА Софија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com