– Ова е најзначајниот момент во клупската историја во Кипар. Не верував во пласман понатаму, но со овие фудбалери кои “пукаат“ од самодоверба и фантастичните навивачи, го исполнивме сонот – истакна тренерот на АПОЕЛ, Јовановиќ.
“Магичниот“ пат во Лигата на Шампиони на македонската “седмица“ Тричковски и АПОЕЛ започна во првото квалификациско коло, против албанскиот шампион Скендербеу. Во втората рунда следуваше Слован Братислава, а последната пречка од групната фаза беше Висла Краков.
Групната фаза од натпреварувањето АПОЕЛ го заврши на врвот од табелата, со три победи, две реми и еден пораз. Дали ќе има сили “забрефтаниот“ АПОЕЛ за уште еден подвиг пласман во најдобрите четири во стариот континент, ќе видиме по ждрепката која е за две недели во Нион.