На стартот се појавија вкупно 38 велосипедисти од 8 клуба кои се натпреваруваа во 5 категории за титулата Национален Шампион. Променливото време и силниот ветар најавуваа напорен натпревар за велосипедистите.
Категориите на Кадети, Мастерс и Жени ја возеа патеката до с.Страцин и назад со вкупна должина од вкупно 74км, додека категоријата на Јуниори и Сениори – Елит ја возеа патеката до Крива Паланка и назад со вкупна должина од 132км.
И покрај силниот ветар кој во поголем дел од патеката им дуваше во гради на велосипедистите и драстично ја намалуваше нивната брзина, просечната брзина на најбрзиот сениор Предраг Димевски изнесуваше 38,5км/ч, кој во исто време во најголемиот дел од натпреварот ја предводеше најбрзата група.
Најинтересна завршница на натпреварот се одвиваше во категоријата на јуниори. Јован Јованоски и Никола Ѓукиќ уште на 40км до целта го зголемија темпото со што се одвоја од поголемата група на сениори.
Стефан Петрески од сениорите беше единствен кој им се придружи. Изедначена борба која на крајот заврши со спринт во последните 300м, пред насобраната публика која со овации ги бодреше, во целта како побрз помина Јован Јованоски.
По завршување на натпреварот пиедесталот со најбрзите велосипедисти, односно националните шампиони според категории е следен:
Сениори – Елит:
Предраг Димевски Вело-М, Куманово
Вели Садики Вело-М, Куманово
Ивица Давидовски Вело-М, Куманово
Јуниори:
Јован Јованоски Екодром, Охрид
Никола Ѓукиќ Вело-М, Куманово
Александар Ефтимов МВК, Велес
Кадети:
Драган Цветков МВК, Велес
Кристијан Николов МВК, Велес
Денис Колевски Вело-М, Куманово
Мастерс:
Стојанче Колевски Водно, Скопје
Александар Гарача Мадел Бал, Скопје
Игор Костов Водно, Скопје
Жени:
Росица Костова Мадел Бал, Скопје