Охриѓанецот Јован Јованоски го освои првото место на државниот натпревар  во категоријата “Хронометар“ кој во организација на Велосипедскиот клуб ,,МВК-Велес,, се одржа на релација Стоби -Неготино  во должина од 14км.



Јованоски од ВК „ЕкоДром-Охрид“  беше најдобар во класата кадети во конкуренција од 14 велосипедисти.


– Ова е трето злато годинава за мене , целосно сум посветен на велосипедизмот кој бара  постојани тренинзи и одрекувања, но резултатите се само мотив плус, како за мене така и и за останатите велосипедисти од клубот- вели младиот Јованоски.

OhridNews