Охриѓанецот Јован Јованоски триумфираше на Ридското Државно првенство во дисциплинатата ридско искачување одржано викендов во Скопје.

За Јованоски кој годинава бележи одлични резулутати ова е прво златно одличје во неговата тригодишна кариера.


Во
неделата се одржа редовен натпревар за бодовната ранг листа на
Велосипедската федерација на Македонија во планински велосипедизам на
патеката Гази Баба во организација на ВК Енерџи од Скопје.

Повторно успешен настап за Јованоски кој победи во својата категорија, пред Левент
Рифат од Е.Б.Т.С. и  Андреј Хаџи Василев од Екодром.

М.П.