Велосипедистот Јован Јованоски зад себе ја остави најуспешната година во неговата кариера. Тој 2014 година ја заокружи со наградата за најдобар спортист во Охрид.


– Секоја награда за спортистот значи потврда за неговиот вложен труд, со радост ја примив веста од Сојузот на спортови на Охрид дека сум прогласен за спортист на годината. Тоа е доказ дека моите сограѓани ги следат моите високо постигнати резултати во текот на изминатот период – рече Јованоски.

Наградите и успесите во 2014 година за членот на охридскиот велосипедски клуб „Екодром“ се само мотив повеќе за новата 2015.

– Не би рекол дека сеќавањето ќе остане само на изминатата година бидејки постигнатиот успех е резултат на еден подолготраен циклус.  Огромен товар на одговорност ми претстоеше мене и на стручниот тим со кој работам со цел македонскиот велосипедизам да го издигнеме на меѓународно ниво. Генерално 2014 ќе биде запаметена по учеството на МОИ Нанџинг-Кина. Освоеното  6-то место и Македонија на 15 тото место во генерален пласман од вкупно 32 нации кои зедоа учевство во категоријата велосипедизам, беше изненадување и за мене, навистина не очекував таков висок резултат поради големата конкуренција. Овој резултат дополнително ми влева надеж и ме мотивира  да продолжам со напорната работа во следниот циклус за РИО 2015 – потенцираше велосипедистот.


Во новата 2015 година Јованоски ќе биде дел од неколку светски купови кои се задолжетелни за обезбедување на олимписка норма.

– 2015 година ќе биде понапорна од сите досега затоа што почнува првиот циклус на натпревари за остварување на норматив за учевство на ЛОИ РИО 2015. Зимските подготовки започнаа уште во Декември минатата година а прв натпревар според планот и програмата е натпреварот Копа Каталања –Барселона Шпанија.  Севкупно според меѓународниот календар треба да учевствувам на 19 натпревари од кои е задолжително моето присуство на 6-те светски купови, светскиот шампионат и континенталниот шампионат. Според овој календар домашните натпревари ќе морам да ги пропуштам, но се надевам дека ќе земам учевство на државните шампионати – заврши најдобриот спортист во Охрид за 2014 година.

Мх.П.