Кондициониот тренер на ЦСКА, Иван Јовановски ќе мине две седмици во италијанскиот прволигаш Удинесе. Македонецот заминува во Удинесе, благодарение на одличните контакти на бугарската ЦСКА Софија и италијанскиот тим. Со овој потег од клубот потврдуваат дека имаа интерес за тренерот не само да го задржат во своите редови туку и да му помогнат тој да напредува.
Кондициониот специјалист во ЦСКА замина од тимот на Металург, и тоа во пакет со Ѓоре Јованоски. “Црвените“ го заскаа Јоавноски поради неговите неконвеционални методи на работа кои дадоа резултат. Исто така тој е задолжен за изработувањето на мотивациски клипови со погодоци на ЦСКА и тоа пред секој меч на “армејците“.
Јованоски во Удинесе ќе биде дел од тренерскиот тим кој го предводи Франчески Гвидолин.
Оhridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com