Финалистот во македонскиот национален куп, Кумановски Милано бара смена на судиската тројка одредена да го води натпреварот.

За финалето на 24 мај делегирана е судиска тројка од Скопје на чело со Владимир Кипријаноски и помошниците Александар Величковиќ и Адеми Сафет.
 
Во финалето играат најдобрите две екипи во шампионатот, па логично е да судат најдобритет судии – рече Јованоски на прес конференцијата пред финалето. Досега никогаш не сум зборувал за судењето, но овојпат е симптоматично што уште пред 10 дена знаевме кој ќе суди. Не сакаме ова да се сфати како притисок, но сметаме дека не е направен соодветен избор на судиите. Кој е критериумот? – праша Јованоски.

Кумановски прволигаш Милано вчера даде писмено барање до ФФМ да се заменат судиите.

М.П.