Јованка Броз, вдовицата на Јосип Броз Тито, која со децении живее повлечено во куќа на Булевар на мирот 75 во Белград и која е скоро невозможно да се види. Единствен исклучок е посетата на куќата на цвекето, на денот на обележувањето на титовата смрт, но последните две години не доаѓа ни таму. Деновиве е видена како се вози низ Белград.


Бидејки времето беше убаво, кровот на темниот мерцедес-кабриолет бил спуштен. Возачот, долгогодишен пријател на Титовата вдовица кој се грижи и за нејзината безбедност, полека ја возеше за уживањето да биде целосно. Во еден момент го сопре автомобилот пред слаткарница за да нарача сладолед. Никој не излезе од мерцедесот, туку љубезната продавачка го донесе сладоледот до автомобилот. После кратката пауза и освежувањето ја продолжија прошетката низ Белград.

За животот на некогашната прва дама на социјалистичка Југославија е исплетена мрежа од тајни. Последното што можеше да се слушне е тоа што живеела во тешки услови, во влажна куќа која нема кој да ја одржува, телефон кој често не работи, нема лична карта, пасош, здравствена книшка… Веке четврт век Јованка (83) живее повлечено, кога и ја претресоа куќата во која живееше во Ужичка 15, а потоа ја преселија во Булевар на мирот, каде што живееше во некој вид на куќен притвор.