Вдовицата на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито, Јованка, ќе биде погребана денеска во куќата на цвеќето бо Белград со почесна стража.
Јованка Броз беше потполковник на ЈНА и носител на Партизанска споменица 1941 и заради тоа ќе биде погребана со плотун и сите воени почести.
Покрај претставници на српскиот државен врв, на погребот ќе присуствуваат членови на дипломатскиот кор во Србија, како и странски делегации.
Ковчегот со посмртните останки ќе биде поставен пред Куќата на цвеќето, во која, според последната желба на Јованка, ќе биде и положен. Над надгоробната плоча со златни букви, идентични како оние на гробот на Тито, ќе биде испишано „Јованка Броз 1924-2013“.
Јованка Броз почина во недела во Белград, во 89 година од животот. Беше примена во Ургентниот центар во Белград на 23 август во тешка состојба.
OhridNews
извор:„Макфакс“