По баладата Не ме издавај, Јован Радњански прави пресврт со поп-денс песна со наслов „Се што имам“. Пресудно за таа одлука, како што вели Јован, е тоа што на нашата сцена има многу обиди за поп-денс музика и без размислување таа е многу лоша.
Тоа беше вистинскиот предизвик за мене и мојот продуцент Перо Манев кој е и автор на текстот. Мислам дека после оваа песна сите оние кои се обидуваат да направат поп-денс песна многу добро ке се замислат пред да издадат – ни изјави Јован.