Хрватскиот интернационалец, Јосип Кежиќ професионалната кариера ќе ја продолжи во грчкиот клуб ПАОК, откако го раскина договорот со Ракометниот клуб Охрид.

27-годишниот ракометар беше една од клучните коцки во успешниот мозаик на охридскиот ракометен клуб последниве три сезони.

Хрватот со својата врвна игра во одбрана и напад го оправда епитот лидер на екипата во историските достигнувањa на Охрид во Супер лигата, Купот на Македонија и Купот на ЕХФ.

Заминување на Кежиќ не е добар знак за клубот, кој допрва треба да се бори со останатите екипи за врвот во Супер лигата и во Купот на Македонија.

Голем интерес од странство има и за другите играчи во екипата кои ништо чудно да тргнат по патот на Кежиќ.

OhridNews