Настапот на хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ во првиот меч за Охрид против Работнички од новата сезона во Супер лигата е крајно неизвесен.


Средниот бек ги повреди лигаментите на левото колено на контролниот натпревар со Вардар. Тој тренира со екипата, но под посебен режим.

– Има шанси, но многу се мали да ни помогне Кежиќ во првиот меч од новата сезона. Тој ќе подлегне на нови прегледи кои треба да го дадат резултатот околу неговиот настап. – рече тренерот Горан Андоновски.

Кежиќ имаше брилијантен старт на кариерата во Охрид откако беше прогласен за најкорисен играч на турнирот во Прилеп кој го освоија охридските ракометари.

Мх.П.