Хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ кој на сред сезона замина од Охрид беше преставен во новиот клуб ПАОК од Грција.
26-годишниот ракометар две сезони цели и овие неколку месеци беше дел од охридскиот состав кој имаше забележителни резултати во Супер лигата и Купот на Македонија.
Кежиќ во ПАОК е доведен како замена за искусниот Борис Грка кој заминал од клубот. Во Грција покрај Кежиќ веќе настапуваат Малик Хогас и Елдин Вражалица кои беа дел од „гладијаторите“ пред три сезони.
OhridNews