На само три дена пред крајот на фестивалската програма на „ Охридско лето“, ноќ за паметење во црквата „Свети Софија“ со настапот на мега популарниот француски кларинетист Мишел Летјек и квартетот Жирард ( Иго Жирард, Агат Жирард, Одон Жирард, Луси Жирард).
– Оваа година мотото на „ Охридско лето“ беше „ Со ѕвездите до ѕвездите“ ,односно со музичките ѕвезди до ѕвездените дострели на музиката. Годинава осми пат по ред ја органзираме Француската вечер во рамки на програмата на „ Охридско лето“ и сме мошне задоволни од соработката со Француската амбасада, Францускиот инстиут во Скопје и Социете женерал групацијата. На само неколку дена пред крајот на фестивалот, посакувам „ Охридско лето“ и натаму да чекори по патот на успешноста и бесконечноста.“ – рече селекторката на музичкиот дел, Гордана Јосифова Неделковска во своето обраќање.
Француската амбасадорка Лоренс Оер ги поздрави вљубениците во класичната музика и изрази задоволство од осум годишната соработка со организторите на „ Охридско лето“.
– Нашата соработка со „ Охридско лето“ веќе стана традиција, што исклучително не радува. Вечерва е настапот на инзвондредниот кларинетист Мишел Летјек заедно со помлада генерација музичари со светско реноме, рече Оер.
Француските уметници со виртуозно музицирање ги доближија до публиката звуците на композициите од Хајдн, Моцарт и Брамс. Присутните речиси два часа уживаа во неповторливиот музички занес , хармонија на инструментите и стилска усовршеност.
На самиот крај, амбасадорката Оер на селекторката Јосифова Неделковска и врачи признание со одлука на француската влада за посебен придонес во афирмацијата на француската култура со воведувањето Француска вечер на Охридско лето.
– Сите изминати години откако сум на оваа позиција работев со врвни имиња од светската музичка сцена и тоа ми беше огромноо задоволство, но вечерва сум почестена и привилегирана со едно вакво признание за моите заложби.“ – изјави Јосифова Неделковска по добивањето на признанието.
Ивана Чичоска