– Работиме во просториии кои се со во големина на една двокреветна соба, добиваме минимална помош од локалната сампоуправа , додека изостанува односно нема комуникација на релација Охрид – Скопје – вели Ацо Јосифоски кој на неодамна одржаното првенство во Текводно во Хрватска стана Европски Првак.


Овај спорт преживува благодарение на етузијасти , а како што вели Јосифоски : – Ретки се оние кои покрај остварувањето на своите желби и сни,помагаат и во остварувањето на туѓите желби и сни.

На Јосифоски кој има освоено една титула Светски Шампион и една титула Европски Шампион, најтешко му е  кога неговите следбеници на тренинг прашуваат:  –Добро тренер, вежбаме, ќе освоиме Европско,Светско злато и после…Тука ли завршува нашиот спортски пат.


Како дополнителен проблем за охридскиот текводно клуб е тоа што не успаваат да најдат зеднички со Македонската Теквондо Федерација со седиште во Скопје, која не го прима клубот во федерацијата (со образложение дека ним им е добро и дека ние треба да си направиме своја федерација), а тука да ги вклучиме клубовите од Струга и Ресен.

Охридскиот клуб “Хваранг Фист“ има околу стотина членови поделени во повеќе категории и тоа пионери-ки (7-9),(10-12),(13-14), кадети-ки (15-16),јуниори-ки (17-18), сениори (18 – 35),ветерани 1 (36-42),и ветерани 2 (43-48). Најголем интерес има во најмалите категории поради љубопитноста на децата кои доаѓаат да видат што значи текводното.

М.П.