Јосифоски најдобар, триумфот во купот и атлетскатата патека, најпозитвни настани според охридските новинари
01.01.10 00:05
Едни од најверните навивачи и но и редовни посетители на спортските збиднувања се спортските новинари кои преку своите извештаи и рапорти ги презентираат спортските постигнувања и ги афирмираат младите спортисти. Еве како на кратко низ своите пера ја видоа спортската 2009 година Сузана Вренцоска од дневниот спортски весник “Спорт Денес“ и Ненад Цветанов од “Супер Радио“.
Уште една спортска година е зад нас. Како ја оценувте ??
– Измина уште една година на спортско бледило во Охрид. Градот кој во повеќе наврати е најавуван дека ќе прерасне во спортски центар денес е доведен во ситуација да има саме еден прволигашки тим. Конечно е време да и погледнеме на вистината во очи, да бидеме свесни што ни се случува и до каде не доведе незаинтересираниот однос кон спортот – вели Вренцоска.
Цветанов ќе рече: – 2009 година на спортски план, според мене не донесе некои големи поместувања и во државата и во Охрид. Со чест на исклучоци, впечатокот е дека треба многу повеќе да се работи, но оние кои се задолжени за спортот посериозно да се фатат за работа.
По што најмногу ќе ја паметите, која беше најпозитивната и најнегатвината работа ?
– Доколку ги генерализирам работиве тогаш добро е што сепак ни се случи и нешто позитивно на спортски план, добивањето на професионална атлетска патека. Сепак најпозитивен настан е освојувањето на Купот на Македонија за прв пат во кошаркарската историја на градот, после едно исклучително стресно финале во кое триумфираше охридскиот АМАК СП. За жал сепак и покрај таквиот успех, повеќе ги нема кошаркарските возбудувања во охридската спортска сала а тоа е само уште еден доказ дека спортот полека изумира. Охрид во моментов има само еден прволигашки тим во женската кошарка но како стојат работите, со сите проблеми со кои се соочува, неверувам дека долго време ќе издржи да опстојува во вакви услови.- истакна Вренцоска.
– Вреди оваа година да се памети по добрите презентации на кошаркарската и ракометната репрезентација на Македонија. Негативнен настан се случувањата во Фудбалската федерација и исклучувањето од лигата на Македонија ЃП и Слога. Во првиот дел од годината, на локален план беше освојувањето на Купот на Македонија во кошарка од страна на АМАК СП, од друга страна гаснењето на клубот поради финансиските проблеми е негативно одекна во целокупната спортска јавност. Добра вест за спортот во Охрид секако дека е поставувањето на новата тартан патека, атлетичарите сега ќе имаат врвни услови за работа – смета Цветанов.
Кој спортски настан и личност според вас ја одбележа годината?
Охрид има услови за големи натпревари. Се одржа Европскиот клубски куп во Шах. Дојдоа преку 600 шахисти од 37 земји. Имавме Балканскиот Шампионат во гимнастика. Традиционално и оваа година тука беа едриличарската регата и охридскиот маратон но ЕП во кошарка за младинки може да се каже дека е настан кој според мене ќе ја одбележи годината како спортско збиднување кое ни се случи оваа година. За жало организациски и не се покажавме во добро светло но и резултатски потврдивме дека сме далеку од квалитетот кој го поседува европската кошарка. Празните трибини и поразите кои ги нанижаа нашите репрезентативки се доказ за тоа. Но се чини дека проблемите ни се провлекуваат од година во година и никој не презема одредени чекори полека да мрдниме од мртва точка. И оваа година како и минатата ни се случи голем спортски настан да помине без никаква реклама и промоција. Ниту еден плакат залепен низ градот кој ќе ги информира охриѓани и туристите дека нешто се случува. Во салата Билјанини Извори имавме 11 репрезентации, Португалија, Австрија, Грција, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Израел, Словачка, Холандија, Романија и домаќинот Македонија но ретко кој ги виде од трибините – истакна Вренцоска
– На интернационален план, атлетската ѕвезда Усеин Болт е број 1, настан на годината е враќањето на Михаел Шумахер во Формула 1 првенството – додава Цветанов
Дали мисилите дека го следиме чекорот со светски те збиднувања?
– Мислам дека сме многу многу далеку од светските збиднувања толку многу што и да се прави разлика или споредба би било смешно. Ние сме редок пример кој може да послужи за тоа како најлесно може да се уништи спортот. Состојбите во македонскиот спорт се се` потешки и потешки. Секаде се чувствува недостигот на пари, мотивација. Спортските резултати ги имаме само во сеќавањата од минатото – рече Вренцоска
– Што се однесува до македонскиот спорт, веќе од поодамна тој се наоѓа на маргините, ние во Македонија сме многу далеку од она што се случува на светската сцена -вели Цветанов
Вренцоска и Цветанов сметаат дека Јосифоски Ацо е спортистот кој ја одбележа оваа година во Охрид.
– Златото на таеквон-до мајсторот, охриѓанецот Ацо Јосифоски на Европскиот шампионат во Хрватска е еден од ретките но значајни успеси на нашите спортисти. Ме радува тоа што некои од поединечните спортови ни го обелуваат образот на спортски план надвор од нашата држава. Исто така и атлетичарите кои годинава се државни прваци во сениорска и младинска конкуренција, ако се суди по постигнатите резултати, имаат традиција. Се друго се прави со импровизација без професионализам – истакна Вренцоска
Резултат достоен за почит – Јосифоски
– Што се однесува до охридските спортисти, можеби годината му припадна на Ацо Јосифоски од Таеквондо клуб “Хаварин Фист”, кој стана европски првак -завршува Цветанов
И Вренцоска и Цветанов очекуваат Новата година да ни донесе подобри денови во спортот, повеќе спортски резултати и луѓе кои несебично ќе помагаат во создавањето услови младите да се собираат на терените а не по кафаните. Спортот се гради на здрави темели а може да се уништи преку ноќ.
ГРК Охрид во сабота во рамки на 13 коло од Супер лигата гостува кај екипата на РК Бутел во Скопје Ракометарите со оптимизам за освојување на бодовите Во сабота не очекува незгодно гостување Играме ...
Охридските боксери Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу како дел од македонската репрезентација минатата недела настапија на Балканското првенство во Лозница, соседна Србија Во силна конкур...
Значајни резултатите постигнаа каратистките од карате клубот „Кун-су-то” Охрид на Меѓународниот карате турнир „Скопје гран при 2024″ кој се одржа во Скопје На турнирот Анастасија Смилев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.