Светот се соочува со најголемата економска криза во последните 7 децении, која нема да ја одмине Македонија, смета угледниот бизнисмен Минчо Јорданов.
„Станува збор за најголемата криза во последните 60-70 години и ќе ни требаат вонредни мерки, чекори и размислувања за да ги ублажиме последиците неа“, изјави денеска во Охрид Јорданов.
Според него општата рамка за справување со кризата што владата неодамна ја донесе треба да се прилагодува на последиците од кризата. Јорданов смета дека ќе треба да има подинамична соработка помеѓу Владата, бизнис асоцијациите и другите надлежни институции, за да може да се реагира соодветно и на време на сите промени коишто ќе се случуваат.