Признанието „почесен граѓанин на Охрид“ и „клучот на градот “ кој го симболизира ова признание ќе му бидат врачени на познатиот стопанственик и бизнисмен Минчо Јорданов во рамките на Прличевите чествувања.

Пригодната свеченост по овој повод ќе се одржи на 6 февруари во спомен-куќата на Прличев, со почеток во 13 часот.
Одлуката за доделување на ова признание ја донесе Советот на општина охрид на последната седница.

Бизнисменот Минчо Јорданов  во 1998 година со свои средства  целосно  ја донираше изградбата на спомен-куќата на истакнатиот книжевен преродбеник по кого Охрид е препознатлив на далеку, Григор Прличев. Со таа донација, со тоа свое меценство како израз на љубовта кон  современиот духовен  живот на Охрид, Јорданов овозможи градот  истовремено да се оддолжи кон својот ловороносец, а од друга страна да се стекне со пријатно катче каде што се одржуваат бројни  манифестации  од областа на културата.

А.Р.