Јордански државјанин со американски пасош се обидел да упадне во кабината на пилотите во авионот на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт во Белград, но бил совладан од патниците и персоналот, јавуваат српските медиуми. Авионот безбедно слетал во Белград, а полицијата патникот го пренесла во Полициската управа во Белград, каде е во тек негово сослушување.
Драмата започнала над небото на Австрија, кога Јорданецот се заканил дека ќе ја отвори вратата на авионот. Тој најпрвин тропал на вратата на кабината на пилотите, викајќи „Ќе ја отворам вратата на авионот“. Сепак патниците успеале да го совладаат, па авионот безбедно слетал во Белград попладнево во 12.45 часот.
Според првичните информации, екипажот на авионот не го пријавил инцидентот на контролата за летање. По полетувањето полицијата влегла во авионот и го извела патникот по име Лакен од авионот.
Српски „Курир“ пишува дека во авионот биле и играчите на ракометниот клуб „Војводина“.
„Лакен сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време зборуваше да го изгубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше напната. Лакена го обезбедуваа играчи на ракометниот клуб „Војводина“ и авионот безбедно слета во Белград“, изјавил извор за „Курир“.
Останатите патници не знаеле што се случува и дознале за инцидентот откако тоа им го соопштила полицијата на аеродромот. Ракометарите се враќале од гостување во Порто, каде во саботата играа натпревар во Лигата на шампиони.
OhridNews
извор Макфакс