Не е изградена, а доби име – Источнатата обиколница на Охрид
Покрај додавањето на оваа точка , дневниот ред на денешната седница беше скусен за 9 точки. Поради неподготвени материјали, советниците не расправаа по предлог точките од Урбанистичката сфера, кои во најавениот Дневен ред, беа распоредени од реден број 19 до реден број 27.
Од останатите 18 точки, по кратка расправа, не беше изгласана само Предлог одлуката за надоместок на финансиски средства, за потрошената електрична енергија за одведување и третман на неотпадни води ( нефекални), во системот за градовите Охрид и Струга.
Најголема дискусија се отвори по предлог одлуките за отуѓување на деловните простори и за набавка на нови возила, на ЈП „ Охридски Комуналец“ . Исто така дел од советниците не се согласуваа и по шестата точка на дневниот ред, во која се разгледуваше Предлог Одлука за усвојување на деветмесечниот извештај за финансиското работење на МЈП „Проаква“. Во делот на оваа точка советниците реагираа дека сеуште не е формирана Комисијата за извршување на анализата за работењето на ова претпријатие, иако Советот на Општината донел одлука за нејзино формирање.
Останатите точки од дневнот ред на десетата седница, советниците ги изгласаа без поголема расправа.