Квалификацискиот циклус за СП е зад нас, а време да се подготвуваме за новиот циклус кој доправа ни престои. Подготовките за контиенталниот собир во Украина и Полска 2012 година започнуваат со пријателскиот меч со Катар. Таквиот терк на одигрување на пријателски средби велат од репрезентација ќе продолжи и во иднина да се применува, притоа користејќи ја секоја можна прилика во терминте на Уефа да се играат пријателски натпревари.
– Основна карактеристика на овај собир е тоа што шанса ќе добијат неколу играчи кои заслужуваат внимание, а од нивниот однос кон играта и репрезентативниот дрес ќе зависи дали и понатаму ќе останат во националниот состав. Јас како селектор ќе го барам она што го поставивме и пред овај натпревар да го негуваме офанзивниот стил на игра, а ќе бараме решение на сите проблеми кои се појавуваат за време на самиот натпревар- вели Мирсад Јонуз селекторот на македонската фудбалска репрезентација.
Ohridnews: Треба ли за нешто да жалиме во минатиот квалификациски циклус??
– Треба да не радува односот кон играта, пропуштивме шанси за кои требаше малце храброст и среќа. Направиме се за да ја подобриме играта, но се појавија одредени слабости на кои во наредниот период ке обрнеме повеќе внимание се со цел тие слабости да се остранат. Креиравме една офанзивна и отворена игра, но ако за нешто жалам тоа е мечот со Шкотска, каде стварно одигравме онака како што треба , но во фудбалот потребна е храброст но и среќа. – смета селекторот и додава -ние мора да ги напуштиме старите методи дека ние сме нација која треба да биде во подредена улога, мора да веруваме во нашите квалитети. Јас лично верувам во овие фудбалери кои заедно со неколку кои апстинираат од овие натпревари, сочинуваат една одлична група, но потенцирам дека сите ќе добијат шанса и овие пријателски натпревари се можност да покажат она што умеат.
Ohridnews: Се размилува ли за промена на генерации?
– Размислувам само фудбалски, ониe што ќе даваат максимум во репрезентација ќе бидат повикувани без разлика на нивната возраст. Дел од помладите ќе добијат шанси, неколку веќе добија а беше голема храброст да им дадеме шанса. Нормално некои од тие задоволија, додека дел и од постарите не задоволија но сите ќе добијат шанса и по овие натпревари ке добиеме јасна слика со што располагаме. Ние како стручен штаб ќе продолжиме да работиме и она што го посакуваме е македонската фудбалска нација и народот да се радува на успесите на оваа репрезентација и да се гордеат на националниот тим.
Ohridnews: Имавте договор до крајот на циклусот, кој еве завршува што понатму?
–
После мечевите со Шпанија и Шкотска, имавме искрен и отворен разговор, каде сите членови на УО беа задоволни од она што јас го работам и ја продолживме соработката -завршува селекторот .
М.П/Г.М.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com