Селекторот на селекцијата за фудбалери до 21 г. Мирсад Јонуз ќе има појасна слика за “новата“ млада селекција по пријателскиот натпревар против Хрватска. Полека се формира костурот на тимот кој ќе го понесе товарот во престојните квалификации.

На 4 Февруари 2009 година во Данска ќе се одржи ждребот за следните квалификации и според календарот на УЕФА натпреварите ќе почнат на 28 Март.

– Им порачувам на сите репрезентативци сериозно да ја сфатат работата и уште од овој натпревар да направиме позитивна атмосфера, како во поглед на градење на играта така и во поглед на резултатот.Во оваа година ќе одиграме 6 квалификациски натпревари така да ќе биде многу интересно, напорно и фудбалерите ги очекува голем предизвик – изјави Јонуз за официјалната веб страна на ФФМ

ohridnews