Македонската фудбалска репрезентација која на 11. Август во Ла Валета го игра последниот контролен натпревар пред стартот на квалификациите за ЕП, од денеска го започнува собирот во главниот град на оваа мала островска земја .
Селекторот Јонуз очекува уште една добра проверка и продолжување на успешната серија на резултати:
– Овој натпревар за нас е важен пред се од психолошки аспект, и без разлика на силата на противникот очекувам добар тест в среда навечер. Собирот е исто така важен затоа што е последен пред почеток на квалификациите за ЕУРО 2012, и ќе се потрудиме да ја одржиме добрата атмосфера која владее во тимот за да го пречекаме натпреварот во Словачка со позитивен импулс. Нема да менуваме ништо во концепција на играта и како до сега така и во среда ќе играме за да победиме. Списокот што беше објавен минатата недела има само една промена. Поради реализација на трансфер и нов договор со една европска екипа, од обврските го ослободивме стандардниот играч од средниот ред, Величе Шумуликоски. На неговото место е повикан играч од домашното првенство, Никола Глигоров од ФК Работнички, кој настапуваше во младата репрезентација кога јас бев селектор – истакна Јонуз.
Досега Македонија и Малта одиграа 5 средби од кои три пријателски и две квалификациски. На сите средби славеше нашата селекција со гол разлика 14-1.
Натпреварот в среда , 11. Август се игра на Националниот стадион Та Квали со почеток во 20ч.
Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Водно-Санс од Скопје Натпреварот се игра во недела, 9 март, со почеток во 17 часо...
Билетите за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба од денес од 12 часот кај Аждер, а на денот на натпреварот истите ќе се продаваат на билетарата во спортската са...
Ракометарите на Охрид во рамки на 21-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар Вардар е екипа која цели високо и секогаш се бори за титула Наша задача е добро да се подготв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.