Македонската млада репрезентација деновиве во Охрид се подготвуваше за пријателскиот натпревар на 11 февруари во Риејка против Хрватска. Мечот со “коцкестите“ е последниот тест пред старот на квалификациските натпревари за ЕП 2011 година, каде во група сме со Англија, Португалија, Грција и Литванија.


Во пријатно сеќавање на селекторот на селекцијата “под 21“ Мирсад Јонуз е данскиот град Архус, каде се одржа ждербката за групите.

– Ждребката во Архус ме врати 20 г наназад, од деновите кога со екипата на Рад дебитирав на меѓународна сцена токму во овај град. Ние се најдовме во групата на смрта, но нема да очајуваме него ќе се обидеме да извлечеме максимум од овие нови момци и сигруно дека ќе се обидеме да ги добиме првенствено натпреварите на домашен терен .


Речи си година дена траше формирањето на оваа нова селекција во која продефилираа голем број македонци кои настапуваат низ Европа. На контролите кои ги одиграа совладана беше Албанија 0-1, Црна Гора 0-1, реми со Бугарија 0-0, и пораз од Албанија 3-0 во Охрид. По мечот на „Билјанини“ Јонуз грмеше од незадолоство од залагањето на поедини играчи највавуајќи рез во составот. По охридскиот пораз, неколку играчи не добија повик а еден од нив е и Горан Славкоски играч за кого искинавме десет рала чевли да го доведеме во Македонија.

– Еден фудбалер  кој десет месеци само тренира и никаде не игра па макар бил тоа Марадона не може да очекуваме нешто повеќе од него. Славкоски е голем потенцијал и ги има сите предиспозиици да стане добар играч секако е иднина на Македонија, но ние јасно на сите им порачавме деке оние кои не настапуваат во своите клубови нема да се најдат во репрезентативниот дрес.


Математика на Јонуз вели дека десет бода во кавлификациите би биле полна капа. Најавуваат напад на бодовите на домашна почва, а тестот со Хрватска ќе ја даде последната слика пред историскиот натпревар помеѓу Македонија и Грција.

М.Постоловски