Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, е оптимист пред претстојниот пријателски натпревар со Канада. Противникот не е за потценување, но јас верувам во моите играчи, вели Јонуз.

„Ние не се оптоваруваме со играта на противникот ќе гледаме нашата работа да си ја завршиме онака како што треба, a пред се да играме дoпадлив фудбал, да создаваме повеќе шанси“ изјави Мирсад Јонуз.

Натпреварот со официјално 53-та селекција на светот, Македонија ќе го одигра вo сабота на стадионот „Младост“ во Струмица.

Ohridnews