Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер во Скопје ќе го одигра квалификацискиот натпревар против националниот тим на Русија. Како предигра за натпреварот со првиот фаворит во Б квалификациската група за пласман на Еуро 2012, Македонија во петокот во Андора ја забележа првата победа во оваа група.
„Во Андора победивме, но не одигравме како што треба. Сепак сакам да им честитам на моите фудбалери, бидејќи го издржаа психолошкиот притисок“, изјави на денешната прес конференција селекторот Мирсад Јонуз.
Натпреварот против Русија ќе биде сосема различен од оној кој „црвено-жолтите“ го одиграа во Андора. „Зборнаја“ во Скопје доаѓа на крилата на победата во Даблин против Република Ирска. Русите на теренот ги предводи Аршавин, кој заедно со Кержаков треба да биде ударна игла во нападот на репрезентацијата, која од клупата ја предводи Дик Адвокат.
Селекторот на македонската репрезентација на оваа средба нема да може да смета на услугите на повредените Пандев, Попов и Тасевски.
„Играчите се релаксирани, атмосферата во репрезентацијата е добра, сите фудбалери се здрави. По вечерниот тренинг ќе ги одредам единаесетмината кои ќе истрчаат на теренот на овој за нас значаен натпревар. Против Русија ќе истрча тим кој на теренот ќе има конкретни задачи“, вели Јонуз.
Предводникот на Македонија смета дека оваа репрезентација на Русија е посилна во сите елементи на фудбалската игра од онаа со која „црвено-жолтите“ играа пред четири години. Тогаш во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Австрија и Швајцарија, Македонија ги загуби двете средби.
„Ќе бидам пресреќен ако победиме или ако извлечеме позитивен резултат“, истакна Јонуз.
Покрај натпреварот Македонија-Русија, утре во оваа Б група ќе се одиграат и натпреварите Словачка-Република Ирска и Ерменија-Андора.
По три кола во Б групата, три репрезентации, Република Ирска, Русија и Словачка имаат по шест бода, Ерменија и Македонија освоија по четири, Андора и на дното без освоен бод.
Утрешниот натпревар Македонија-Русија ќе започне во 20:30 часот.
После кратката пауза поради новогодишните празници теквондистите од клубот „Хваранг Фист“ започнуваат со припреми за новата натпреварувачка сезона Клубот е високо рангиран во Македонската олимписка...
Ракометната и спортската јавност силно ја потресе веста за смртта на прославениот ракометен ас, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на РК Пролет Александар Јовиќ, кој почина ненадејно синоќ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20:30 часот во Вараждин Арена го игра првиот натпревар на Светското првенство Прв противник на “црвено-жолтите” е ре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.