“Добро е што нашиот капитен ги демантираше гласините околу напуштањето на репрезентацијата и се надевам дека и ние ќе го израдуваме и него и македонската јавност со добри игри и резултати против Андора и Русија“ – вели селектрот Мирсад Јонуз кој се соочи со серија откажувања поради повреди во пресрет на квалификацискиот двомеч.
Покрај повредите на Пандев, Попов, Тофилоски и Тасевски, репрезентативците се и под психолошки притисок околу иднината на капитенот Пандев. Победата против аутасјдерот Андора е единствената опција за спуштање на топката на земја во пресрет на домашниот меч против Русија.
– Играчите се свесни за предизвикот и значењето на овој дуел . Направивме анализа на досегашните 14 натпревари што ги одигравме. Анализа на позиции од кои постигнуваме голови, позиции од кои ги примивме головите, пропуштените шанси, слабости во извршувањето на тактичките задачи и сл. Веќе направивме анализа и на играта на противникот на средбата со Русија и свесни сме дека се работи за цврст , незгоден противник кој главен акцент става на опструкцијата на играта и движењето на противникот. Подготвени сме да одиграме максимално сконцентрирано и да ја оствариме зацртаната победа – изјави селекторот на националниот тим Мирсад Јонуз.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com