Еден од најстандарните во составот на македонската фудбалска репрезентација, Величе Шумуликоски, за прв пат во овој циклус не одигра цел натпревар. По еден час игра Шумуликоски го напушти теренот, а на неговото место доби шанса Мазнов.

Шумуликоски влечеше повреда и неговиот настап беше под знак прашалник. Разговарав со него пред стартот на мечот и се договоривме во моментот кога ќе почувствува замор да биде заменет – истакна Јонуз на гостувањето во емисијата „НЗС 2“ на националната Канал 5 телевизија.

Јонуз напомена дека притисокот на плеќите на Пандев е огромен, но очекува дека  ќе проработи токму на мечот в среда против Исланд.

ohridnews