Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Мирсад Јонуз ги испрати првите покани за интернационалците на кои смета за тестот со Хрватска.

За генералната проба на 11 февруари покани добија интернационалците: Александар Лазевски (Партизан-Србија), Даниел Георгиевски (Меѓумурје-Хрватска), Севдаиљ Селмани (Баер Леверкузен-Германија), Драган Стојков (Егалео-Грција), Марко Павлов (Реал Бетис Баломпие-Шпанија), Самир Фазли (Херенвен-Холандија) и Агим Ибраими (Олимпија-Словенија).

Од интернационалците кои на последниот неуспешен тест изминатата година против Албанија (0-3) не се прославија, нова покана нема да има за Горан Славковски (Интер-Италија), Филип Гачовски (Мура-Словенија) и Трајче Лостовски (Локомотив-Бугарија).

Домашните кандидати допрва ќе го чекаат изјаснувањето на селекторот.

ohridnews